Достапни линкови

Граѓанска или институционална неодговорност за ѓубрето насекаде?


Илустрација
Илустрација

Преполнетите контејнери, ѓубрето оставено околу нив, фрлањето отпад „кој каде стигне“ е честа појава низ Скопје. Граѓанската или инстуционалната несовесност? Што е проблемот?

Преполни корпи, ѓубре пред наместо во контејнерите, отпад оставен пред зградите.

Ваква слика често пати може да се види низ Скопје.

РСЕ направи обиколка во неколку скопски општини.

Ѓубре насекаде, совест и одговорност никаде
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:38 0:00

Граѓаните што ги анкетиравме велат дека често пати отпадот се фрла непрописно.

„Го ставаат пред контејнер наместо во контејнер“, вели Мери од скопската општина Аеродром.

Бранко Петрушевски пак вели дека му се има случено ќеса со ѓубре да му „слета“ на балконот.

„Не се фрла прописно, дури може од деветти кат да се фрла. Нема прописност кај граѓаните. Кај мене се случило дури и на тераса да ми падне“, вели Петрушевски.

„Таков ни е менталитетот што да кажам. Наместо да фрла во контејнер се става до контејнер, наместо во контејнер се става во уличните канти“.

Дали се потребни казни за да се зголеми свесноста?

Според дел од граѓаните казните би можеле да влијаат на зголемување на свесноста.

„Треба ама народот нема пари“.

„Не знам колкави се сега, но секако дека казнена политика треба да се зголеми ако нема свест“.

„Казни треба не ја бива без казни“.

„Јас сум за казни. Ако сакаме да имаме чист град и убава урбана средина, треба да се одржува. Сум за тоа секогаш“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.

Што работи инспекторатот?

Казните кои се предвидени со Законот за јавна чистота се од 50 евра па нагоре во зависност од отпадот што се фрла.

РСЕ праша, но не доби никакви податоци од Градот Скопје дали инспекторатот контролира што и како се фрла на терен и колку казни се испишани во изминатиов период.

Но, она што забележуваат дел од граѓаните е и дека комуналните служби често пати контејнерите ги празнат во камионот, без да го расчистат отпадот околу.

Ниту од ЈП „Комунална хигиена“ до овој момент нема одговор на ова прашање.

„Цело мое ѓубре со себе го носам“
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:31 0:00

Пред неколку години инспекторатот на Градот Скопје доби и два дронови со кои беше најавено дека секој ден ќе биде снимана состојбата на терен.

Дали уште функционираат овие дронови и што е утврдено на терен - Градот Скопје не одговори ниту на ова прашање на РСЕ.

Во голем број европски земји, како што е примерот со Чешка, комуналните служби при празнењето на контејнерите, го собираат отпадот и околу, но истовремено прават фотографија од непрописното фрлање на отпад, по што казната стигнува до куќниот совет на зградата чии контејнери биле непрописно одржувани.

  • 16x9 Image

    Ивана Стојкова

    Новинарската кариера ја започна во 2015 година во Канал 5 телевизија како репортер во информативната програма. Родена е на 15.03.1992 година во Скопје. Од јануари 2022 година работи како соработник на Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG