Достапни линкови

Претседателски избори во Северна Македонија

Стево Пендаровски е победник на претседателските избори со освоени речиси 52 насто од гласовите, според податоците ДИК. СДСМ изборниот процес го оцени како фер и демократски, ВМРО-ДПМНЕ обвини за нерегуларности на власта. За ДИК изборите поминале без поголеми нерегуларности.

  • Втор круг од претседателските избори
  • Гласачките места беа отворени во 7 часот, а беа затворени во 19 часот.
  • Според ДИК, одзивот е над 46 %
  • Досега до ДИК нема известувања за евентуални нерегуларности.
  • Стево Пендаровски освои скоро 52 отсто од гласовите, а Гордана Сиљановска Давкова скоро 45 отсто.
11:22 5.5.2019

Прес на МОСТ во 11 часот:

Нема забележани неправилности. Одзивот до 10 часот е 6,6%

11:26 5.5.2019

Вториот круг во тетовско со помала излезност до 10 часот од првиот

До 10 часот во рамките на општина Тетово гласале 2,35% или 1961 од вкупно 83.367 гласачи распределени на 117 избирачки места. Во првиот круг излезноста до истиот период, односно три часа по отворањето беше 3,58 %.

11:28 5.5.2019

12:02 5.5.2019

Се вратија од Германија за да гласаат во Могила

Македонските гастарбајтери, брачниот пар Стево и Данка Ризновски, по 50 години работа во Германија, се вратија во родното село Могила за да гласаат на претседателските избори.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG