Достапни линкови

Претседателски избори во Северна Македонија

Стево Пендаровски е победник на претседателските избори со освоени речиси 52 насто од гласовите, според податоците ДИК. СДСМ изборниот процес го оцени како фер и демократски, ВМРО-ДПМНЕ обвини за нерегуларности на власта. За ДИК изборите поминале без поголеми нерегуларности.

  • Втор круг од претседателските избори
  • Гласачките места беа отворени во 7 часот, а беа затворени во 19 часот.
  • Според ДИК, одзивот е над 46 %
  • Досега до ДИК нема известувања за евентуални нерегуларности.
  • Стево Пендаровски освои скоро 52 отсто од гласовите, а Гордана Сиљановска Давкова скоро 45 отсто.
00:06 6.5.2019

Еврокомесарот Хан му ја честиташе победата на Пендаровски

Еврокомесарот Јоханес Хан
Еврокомесарот Јоханес Хан

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан му ја честиташе победата на новоизбраниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, јави дописничката на МИА од Брисел.

23:53 5.5.2019

Мицкоски: Кисели им се насмевките на Заев и Пендаровски зашто знаат што ги чека

Христијан Мицкоски
Христијан Мицкоски

Заев Зоран и Стево Пендаровски знаат што ги чека, зошто без да им тежи тоа немаше да ги имаат киселите насмевки. Од денеска им почнува вистински политички пекол кој ќе го предводи ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка сила во Македонија, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

23:33 5.5.2019

Заев: Метењето ќе почне од СДСМ и од Владата

Зоран Заев по победата на Пендаровски
Зоран Заев по победата на Пендаровски

Прво ќе почнеме во СДСМ, ќе влеземе во нашите редови. Некои од нашите луѓе се изморија, фиксираа доста гласачи да останат дома. Ќе почнеме со јавните претпријатија, акционерските друштва, Владата и министерствата, ќе одиме по ред. Се ова во функција на големина, доблест. Ние мора да го следиме, да му служиме верно и посветено на народот, рече премиерот Зоран Заев за најавеното „чистење“ во партијата и власта, по изборите на кои победи Стево Пендаровски.

23:27 5.5.2019

Пендаровски победи - Сиљановска не чувствува пораз

Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова
Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова

Стево Пендаровски е победник на претседателските избори со освоени речиси 52 насто од гласовите, според податоците ДИК. СДСМ изборниот процес го оцени како фер и демократски, ВМРО-ДПМНЕ обвини за нерегуларности на власта. За ДИК изборите поминале без поголеми нерегуларности.

Пендаровски вети дека како претседател ќе се залага за правичност и правна држава, дека ќе биде фактор на стабилност, а не на кризи, „претседател од кој нема да се срамите“.

Сиљановска Давкова изјави дека се чувствува чудно, бидејќи бројките говореле за пораз, но и оти истовремено се чувствува исполнето. Таа додаде дека ако се погледнат бројќите, треба да се направи преиспитување на однесувањето на власта, односно дека резултатот зборува за нејзино делегитимирање и наметнува потреба од разговори, преговори и за сериозно размислување за предвремени парламентарни избори.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG