Достапни линкови

Претседателски избори во Северна Македонија

Стево Пендаровски е победник на претседателските избори со освоени речиси 52 насто од гласовите, според податоците ДИК. СДСМ изборниот процес го оцени како фер и демократски, ВМРО-ДПМНЕ обвини за нерегуларности на власта. За ДИК изборите поминале без поголеми нерегуларности.

  • Втор круг од претседателските избори
  • Гласачките места беа отворени во 7 часот, а беа затворени во 19 часот.
  • Според ДИК, одзивот е над 46 %
  • Досега до ДИК нема известувања за евентуални нерегуларности.
  • Стево Пендаровски освои скоро 52 отсто од гласовите, а Гордана Сиљановска Давкова скоро 45 отсто.
12:48 5.5.2019
Гласачко ливче во втор круг од претседателски избори 2019
Гласачко ливче во втор круг од претседателски избори 2019

Во Куманово помал, во другите општини од регионот поголем одзив

До 10 часот во Куманово излезноста е незначително помала во однос на првиот круг во исто време, што значи 6,15 насто (или 5.248 гласачи) во однос на првиот круг 6,69 насто (или 6.013 гласачи).

12:43 5.5.2019

Набљудувачите на Цивил забележале нерегуларности

ЦИВИЛ нотира случаи на организиран превоз на гласачи во Штип и во Карбинци. Набљудувачите на Цивил забележалe и други нерегуларности, како неистакнати обележја за забрането внесување оружје, забрането сликање и снимање на две избирачки места, потоа околу неколку избирачки места имало расфрлани летоци со негативна конотација за еден од кандидатите.

12:24 5.5.2019

12:13 5.5.2019
Што би промениле ако сте претседател?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:16 0:00

Што би направиле Вие кога би биле претседател на државата?

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG