23:30
31.10.2021
По поразот од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, Заев поднесе оставка
Премиерот Зоран Заев си поднесе оставка, откако опозициската ВМРО–ДПМНЕ победи на локалните избори во повеќе општини, меѓу кои и во градот Скопје. Премиерот Заев најави дека ја презема целата одговорност и си поднесе оставка од премиерската функција и од партиската позиција претседател на СДСМ.