МВР - Приведен гласач кој скинал ливче
Полицијата досега привела еден граѓанин поради нарушување на изборен процес. Приведениот 64-годишен кичевчанец рано утрово по искористување на правото за глас, се пожалил дека заокружил погрешен број и барал ново гласачко ливче. Откако му било укажано дека тоа е недозволиво, започнал агресивно да се однесува и го искинал гласачкото ливче по што бил и приведен.
Обвинителство - Пријави за поткуп, притисоци врз гласачи, сликано гласачко ливче
Јавното обвинителство соопшти дека до 15 часот добиле помал број известувања за евентуални изборни нерегуларности.
Во Шуто Оризари бил пријавен поткуп, во Кочани притисоци врз гласачи, во Кичево на едно место сликале гласачко ливче, а на друго го скинале.
Најголема излезност до 15 часот во Вевчани, најмала во Сарај
Најголема излезност во вториот круг од локалните избори до 15 часот има во Општина Вевчани, каде што на гласање излегле 66,54 отсто од запишаните избирачи.
Најмала излезност на гласачите од 15,85 отсто има во Општина Сарај, каде што градоначалник беше избран во првиот круг, а сега се гласа само за градоначалник на Град Скопје.
Прес-конференција на ДИК за излезноста до 17 часот