Достапни линкови

Во Бугарија заживување на скандалот во кој се вмешани и обвинители


Илија Златанов сопственик на компанијата Изамет
Илија Златанов сопственик на компанијата Изамет

Бугарски обвинители имаат намера да испитаат познат софиски бизнисмен кој претходно помогнал да се открие корупциски скандал. Во него наводно биле вмешани и обвинители од Софија.

Потегот против Илија Златанов е последното поглавје во скандалот што избувна во минатата година со објавувањето на документарецот „Осум џуџиња“.

Во филмот се наведува дека Канцеларијата на генералниот обвинител на Софија и други официјални субјекти биле вклучени во шема за измама на Златанов и за преземање на контролата врз најголемиот производител на лифтови во земјата, во кој Златанов бил мнозински акционер.

Производителот на лифтови се сметаше за главна цел од темни деловни интереси поради владините напори да се обноват и поправат голем дел од стариот станбен фонд на земјата, што датира од времето на комунизмот.

Европската унија помага да се финансираат тие напори, а дел од нив би вклучиле и надградба на лифтови во илјадници повеќекатни станбени блокови.

Во филмот, Златанов го обвинува поранешниот началник на истражната единица на обвинителите во Софија, Петјо Петров, неговата сопруга Љубена и специјалниот обвинител Димитар Петров (нема роднинска врска со Петјо) за голем број кривични дела поврзани со преземањето на компанијата на Златанов, наречена „Изамет“ која е најголемата компанија за лифтови во Бугарија.

Имено, по конфликтот во неговото семејство, Златанов решава да побара помош за да ја врати контролата врз неговиот бизнис.

Наместо тоа, според него, Петров, неговата сопруга и безбедносната компанија Делта Гард покажале интерес да ја заземат неговата компанија во Дупница.

Министерството за правда ќе бара екстрадиција на Игор Спасов

Меѓу другото, тие наводно му се заканувале на Златанов дека ако одбие да ги предаде своите акции во компанијата, неговиот син, кој страда од заболување на бубрезите, може да биде лишен од третман на медицинска хемодијализа.

Златанов избегал во странство, бидејќи се плашел за својот живот.

Филмот предизвика бура во бугарската политика. Репортерот и активист за борба против корупција Николај Стајков, доби десетици смртни закани.

Зборувајќи во интервју за Бугарската служба на РСЕ на 15 февруари, Златанов рече дека обвинителството сака да го испраша како сведок како дел од кривичната истрага против сметководител на компанијата, кој, како што тврдат, го фалсификувал неговиот потпис на документ на компанијата.

Сепак, Златанов, кој зборуваше за РСЕ од непозната локација, рече дека тој лично го потпишал документот за кој станува збор. Тој рече дека се чини дека овој потег е обид за притисок врз него.

Златанов вели дека се плаши за неговата лична безбедност доколку сака да се врати во Бугарија и да се предаде на сослушување.

Во минатата недела, истражителите на Софија ја посетија куќата на ќерката на Златанов, како дел од истрагата за наводен фалсификат.

Зборувајќи за Бугарскиот сервис на РСЕ од непозната локација, Златанов вели дека тој бил под кривична истрага од истите субјекти спомнати во филмот.

Во Бугарија парламентарни избори на 4 април

„Наместо да собере докази, обвинителот на 4 февруари издаде указ со кој и се наложува на полицијата да ја утврди адресата на Златанов. Во текот на оваа постапка, мојот клиент се најде во системот на гонење“, изјави за РСЕ адвокатот на Златанов, Грета Ганева.

Обвинителството на Софија не одговори на прашањата од РСЕ во врска со случајот.

Името на филмот, Осум џуџиња, се однесува на добро познат софиски ресторан каде што редовно се среќавале обвинители, адвокати и криминални шефови.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG