Матвијчук оценува дека извршувањето воени злосторства стана интегрален дел од тоа како Москва води војна и дека Киев не треба да чека да ги изведе наводните руски сторители пред лицето на правдата.
„Со децении, Русија ја користи војната како метод за постигнување на своите геополитички интереси, а воените злосторства како начин да победи во овие војни“, изјави Матвијчук, кој го предводи Центарот за граѓански слободи, додавајќи:
„Тие научија дека можат да прават што сакаат, бидејќи не беа казнети за воени злосторства во Чеченија, Молдавија, Грузија, Мали или во Сирија. Затоа, додека не ја донесеме правдата, нема да има одржлив мир во нашиот регион“.
Хјуман рајтс воч ја обвини Русија за „воени злосторства“ во Украина
Матвијчук која е адвокатка, вели дека сака да повика на меѓународна акција против кршењето на човековите права и зголемената листа на докази кои укажуваат на воените злосторства извршени од руските сили од инвазијата на Кремљ врз Украина на 24 февруари.
„Гледаме дека сите овие злосторства имаат системска природа. Јасно е дека тоа не го прави ниту една конкретна единица на руските вооружени сили, туку дека е дел од културата на тоа како Русија води војна“.
Центарот за граѓански слободи е основан во 2007 година, со цел да се изврши притисок врз украинските власти да ја претворат земјата во полноправна демократија и да се погрижат да биде управувана со владеење на правото.
Но, таа мисија се смени во 2014 година кога Москва насилно го анектираше Кримскиот Полуостров и избија борби со силите поддржани од Русија во источна Украина, поради што групата почна да ги документира злоупотребите од конфликтот, како и исчезнувањата на критичарите, новинарите и активистите на Кремљ.
Од војната на Русија против Украина, организацијата тесно соработуваше со националните и меѓународните партнери за да ги документира потенцијалните руски воени злосторства против украинските цивили.
Досега, тие документираа повеќе од 21.000 примери на воени злосторства извршени од руските сили од 2014 година, од кои многу се случија од февруарската инвазија на Москва.
„Осум години зборуваме за фактот дека Русија врши воени злосторства...и осум години светот не обрнува внимание на оваа криминална практика.Нобеловата награда за мир ни дава платформа да ги слушнеме нашите гласови“, рече Матвијчук.
Барање одговорност
Матвијчук вели дека нејзиниот сè поголем фокус е да добие импулс за напорите да се изведат сторителите на наводните воени злосторства пред суд.
Таа го посочува Нирнбершкиот трибунал како пример кој често се изнесува како образец.
Меѓутоа, за разлика од оние судења нанацистичките воени злосторници по поразот на Германија во Втората светска војна, Матвијчук тврди дека сличен напор за одговорност кон Русија може да започне веднаш.
Германските власти истражуваат стотици можни руски воени злосторства во Украина
„Не треба да чекаме Русија да загуби. Зошто ги правиме барањата на луѓето за правда да зависат од ова?“ прашува Матвијчук, наведуваќи: „Мораме да создадеме меѓународен трибунал сега и да ги започнеме сите неопходни процедури за да ги изведеме руските воени злосторници пред лицето на правдата. Да го направите тоа нема да биде мала задача“.
Центарот за граѓански слободи долго време водеше кампања за Украина да се здружи со Меѓународниот кривичен суд. Во моментов е полноправна членка, но Киев ја прифати надлежноста на судот за злосторства извршени на негова територија од 2013 година.
Украина, исто така, треба да се движи низ комплицираната политика во меѓународните организации како Обединетите нации, каде што Русија е постојана членка на Советот за безбедност и може да стави вето на резолуциите донесени во телото.
Матвијчук е критична кон ОН, за кои таа вели дека „не ги исполнуваат своите функции“ и дека во моментов оваа организација е киднапирана од воено моќни држави. Сепак, таа признава дека тоа останува најдобриот инструмент на располагање за меѓународниот трибунал кој може да даде одговорност.
Со блокиран Советот за безбедност, Матвијчук вели дека Киев треба да ги концентрира своите дипломатски напори на освојување гласови во Генералното собрание на ОН, каде што ќе биде потребна поддршка од две третини од земјите за да се донесе таква мерка.
ОН објавија дека и Русија и Украина мачеле воени затвореници
Ова значи дека Украина ќе треба да ги придобие земјите како Бразил, Индија и многу во Африка кои имаат односи со Москва.
„Треба да изградиме поддршка со земјите за оваа идеја бидејќи овој трибунал не треба да се формира само како форма. „Ни треба легитимитет за оваа алатка и најдобриот начин да го направиме тоа е во рамките на ОН“, вели Матвијчук во интервјуто за Радио Слободна Европа.