Достапни линкови

Вие коментирате – Пожари, избори и ѓубре насекаде


Пожар на Галичица
Пожар на Галичица

Пожарите кои ја зафатија Македонија, расфрланото ѓубре и почетокот на предизборната кампања се дел од темите кои ги коментираa нашите читатели на социјалните мрежи.

Пожарите и отпадот очигледно се најголемите проблеми во земјава во моментот. По повеќето информации што ги објавува РСЕ за тоа дека има активни пожари низ цела Македонија, Билјана Костовска коментира на нашата ФБ страница: „Не е август туку март и вакви пожари не би требало да се нормални. За тие што ги предизвикале не би имала ни најмалку милост“, а Дејан Ли бара да се напише „каде не гори“. Ивена Илиевска, пак, со пост: „Таканаречените патриоти од што ја сакаат својата земја ја запалија“. И следниов коментар е со резигнираност, Марија Павлоска напишала: „Изгледа во Македонија се формирала нова партија на пиромани што дејствува на цела територија. Ужас. Толку болен народ сме имале“.

„Ќе рециклираме или ќе се затрупаме во ѓубре – од 800.000 тони отпад во Македонија се рециклира само 8%, за разлика од Германија, на пример, каде што се рециклира 2/3 од отпадот“ – се само некои од податоците во нашата Тема на неделата, но за жал, има само еден коментар на ФБ страницата на РСЕ. Зоран Донев смета дека „Попрвин ќе се самоуништиме одошто да си ги смениме навиките“.

Посетителите на ФБ страницата негативно гледаат на претседателските избори во април. „Претседателските кандидати потпишаа Кодекс за фер и демократски избори“ информира Радиово, а Миле Мишко Јанчев постирал: „Книга трпи сè, а колку ќе бидат фер и демократски ќе се види на крајот“. Ресул Исеини реагира за трошењето народни пари, па коментира: „Ајде, трошете сега 10 милиони евра, младите нека одат во Германија“. И изјавата на претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, во неделното интервју за РСЕ дека ако нема излезност во вториот круг од околу 40 проценти, тоа значи не е исполнет условот за успешни избори и во тој случај веднаш се распишуваат нови, предизвикала прилично реакции на нашата ФБ страница. За Ибро Муратакиќ тоа е „многу глупаво решение“ кое власта морала да го смени во овие две години. „Во вториот круг едноставно победува оној што има глас повеќе. Можеби ова е свесно направено уште повеќе да се заглупува народот“. Тоше Велковски е уште поогорчен: „Само трошете си парички наши, да не ве боли, правете си избори 3 пати во година, само таму ви е паметот како да крадете“.

Ќе рециклираме или ќе се затрупаме во ѓубре
please wait

No media source currently available

0:00 0:07:31 0:00

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG