Достапни линкови

Вакцините нема да стигнат денеска, фали некој документ


Илустрација
Илустрација

Вакцините од Србија нема да пристигнат денеска поради „усогласување на техничката документација“. Дел од граѓаните се потсетија на шалтерските голготи низ кои секојдневно поминуваат. Еднаш ти фали документ, другпат ти фали печат, третпат вработената во архива е на пауза.

Одложено е пристигнувањето на првите 8000 вакцини од Србија во земјава. Свеченото примопредавање требаше да се случи денеска на граничниот премин Табановце, но настанот е одложен поради „потреба од усогласување на техничка документација околу доставувањето“, информира владата. Настанот се одложува за некој од наредните денови.

Дел од граѓаните се потсетија на шалтерските голготи низ кои секојдневно поминуваат. Еднаш ти фали документ, другпат ти фали печат, третпат вработената во архива е на пауза.

А можеше да падне еден добар чочек на Табановце при пристигнувањето на вакцините. Слично како во тунелот на отворањето на автопатот Демир Капија – Смоквица.

Во меѓувреме, владата потпиша договор за набавка на 200 илјади кинески вакцини. Прецизен датум кога ќе пристигнат нема, но владата очекува дека тоа ќе се случи до крајот на месецот. Претходно беше најавувано дека првите вакцини ќе стигнат во јануари, па месецов, па сега се споменува и март. Македонија е една од ретките земји во Европа каде што вакцинацијата воопшто не е почната.

Додека да стигнат вакцините, ќе снема шприцови, па кога ќе стигнат шприцовите, ќе се расипат фрижидерите, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.

Дополнително, вчера беше пуштен сајтот вакцинација.мк, на кој граѓаните може да изразат интерес за вакцинирање, но тој цел ден не работеше.

Во меѓувреме, македонските граѓани почнаа да си го бараат чарето преку граница, а медиумите објавија дека Македонци почнале да се вакцинираат во Србија.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG