Европратенците побараа од Европската комисија, но и од владите на членките на ЕУ да почнат да се справуваат со руската пропаганда. Според нив, таа има за цел да внесе страв и поделби во Европа. Македонија не е имуна од тоа.
Наскоро сите патници без оглед дали се ослободени од визниот систем или не, ќе мора дополнително да се пријават и да платат за тоа ако сакаат да влезат во ЕУ. Македонските граѓани ја оправдуваат ваквата мерка.
Победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД отвори многу прашања. Едно од нив е и какви ќе бидат односите меѓу Вашингтон и Москва и дали тоа ќе има влијание врз Балканот и Македонија?
Хакерските напади уште еднаш го покренаа прашањето за тоа со каква опасност се соочуваат луѓето на интеренет. Страхувањето за сајбер безбедноста особено се поврзува со се поголемата поделеност меѓу Запад и Исток.
Изборите во Црна Гора го потенцираа прашањето за влијанието на Русија и на Западот на Балканот. На парламентарните избори во таа земја доминираа НАТО и Москва. Дали и изборите во Македонија се соочуваат со прашањето или Запад или Русија?
Деновиве големо внимание предизвикуваат телевизиските дебати на американските претседателски кандидати. За некои тие се клучни во определбата на гласачите. Други не се согласуваат со тоа. Во Македонија пак гласачите одамна немаат видено предизборен ТВ дуел.
ТВ Тема на Радио Слободна Европа, 07.10.2016
На Балканот, корупцијата, криминалот, лошите и сиромаштијата, властите најлесно ја покриваат со разгорување на националистичките и меѓу-етничките страсти,
ТВ Тема на РСЕ - 30.09.2016
Помошта на ЕУ за Западен Балкан е попречувана од „значителни недостатоци“ во националните влади, оцени деновиве Европскиот ревизорски суд, тело кое ги контролира финансиите на ЕУ. Во овие земји, меѓу нив и Македонија, според Судот, има недостигот на политичка волја за реформи на институциите.
Во земјите на Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, има недостиг од политичка волја за реформи на институциите, оцени Европскиот ревизорски суд. - ТВ Тема на РСЕ за 23.09.2016
За обидот за воен удар во Турција во јули годинава турската влада го обвини таинственосто исламистичко движење на Фетула Ѓулен. Се појавија списоци за негови следбеници во многу земји во светот. Меѓу нив и во Македонија.
Вчитај повеќе