Ни треба целосна реорганизација на здравството, зошто е во многу лоша кондиција, признава министерот за здравство Фатмир Меџити во неделното интервју на РСЕ. Вели дека лошото менаџирање на некои здравствени установи, а не недостигот на пари, е причината за катастрофалните услови во некои од нив.