И покрај популистичката реторика на Западот во врска со мигрантската криза, вистинската бегалска криза се случува во земји во развој, каде што се евидентирани над 70 милиони расселени луѓе кои бегаат од војни или од друг вид прогон, соопштија Обединетите нации.
Шарени, бучни, невообичаени, поинакви. Оние што не ги поднесуваат имаат најлоши зборови за нив. Оние другите пак, велат дека е важно да се испрати јасна порака против дискриминацијата од секаков вид. Во ова издание на „Темата на неделата“, се осврнуваме врз парадите на гордоста.
Природата, онаква каква што ја знаеме, брзо и неповратно исчезнува. Главен виновник - човекот. Дали тој и може да ја спаси?
Европска унија како нешто далечно и странско или Европска унија како нешто тукашно и домашно. Во ова издание на „Темата на неделата“ зборуваме за тоа дали и како може Европа да е тука, кај нас.
Преспанскиот договор нема да биде поништен и во случај власта во Грција да ја освои Нова Демократија на Киријакос Мицотакис, кој беше главен противник. Но, според македонските аналитичари, можни се проблеми, па и условувања во врска со некои детали од договорот.
Скоро секојдневно се жртви. Но повеќето, според истражувањата, не се охрабруваат и не зборуваат за тоа. Добредојдовте во ова издание на „Темата на неделата“ во кое се осврнуваме врз една, би рекле, табу тема: семејното насилство.
Новиот претседател Стево Пендаровски најави дека една од главните задачи ќе му биде помирувањето. Граѓаните посакуваат тоа да се случи, но се скептични дека е можно. Се разбира, моќта е кај политичарите.
Од една страна, скапи лекови и уште поскапи лекарски услуги, а од друга, нема лекови на рецепт и долги чекања за на лекар. Како меѓу приватното и јавното здравство?
Навистина се проблем. Гладни се и бесни, а со тоа и опасни. Зборуваме за кучињата скитници. Но, дали овој проблем е нерешлив како што изгледа кај нас или сепак постојат некои решенија.
Оган кој брзо се шири, тешко се гаси. Затоа, како што велат, најдобро е да се превенира. Во „Темата на неделата“ зборуваме за говорот на омраза за време на изборните кампањи.
Во Македонија веќе има околу илјада заболени од мали сипаници и неделава беше прогласена епидемија. Сега се тргнува со апели и кампања за вакцинирање.
Стилот на живеење, исханата, работата; се клучни елементи за животниот век на луѓето. Најновите истражувања покажаа дека мажите, за разлика од жените помалку се грижат за својата здравствена состојба
Вчитај повеќе