Се чини, каде и да се свртите низ улиците ќе видите камери. Некои велат дека тие се за побезбеден сообраќај и за посигурно секојдневие. Други пак, страхуваат дека со нив ја губат приватноста. Накусо, се чувствуваат следени. Колку такви камери има во Скопје?
По распадот на Југославија, Македонија стана самостојна држава и за среќа, не беше вовлечена во вирот на војните, но внатрешни турбуленции и политички кризи има постојано.
Во денешниот свет каде што се испреплетува реалното со виртуелното и каде што тешко се препознава вистинското од лажното, компјутерската безбедност станува еден од најважните елементи на нашето секојдневие.
Политичка битка преку социајлните мрежи. Таму, пак, главно се одвива валканиот дел од кампањата, содржини за оцрнување на противниците, за чие ширење се задолжени така-наречени партиски живи ботови.
На светот, според некои проценки, му претстои уште една голема преселба на народите. Ќе биде предизвикана од климатските промени и од потрагата по егзистенција. Други пак, велат дека веќе живееме во таков бран со оглед на сегашните мигрантски притисоци од сиромашните земји кон оние побогатите.
Градовите се побрзо се шират и тоа е, велат, незапирлив светски тренд. Градската популација се згуснува, а згради никнат и таму каде што може и таму каде што не смее. Внесувањето ред во урбаниот хаос е тежок предизвик. Споредба меѓу Скопје и Прага.
Електрична енергија од обновливи извори е добра идеја, но ефектите се многу помали од штетните последици врз природата. Последиците ги чувствуваат и околните жители, а профит имаат само сопствениците на малите хидроцентрали.
По неколкугодишното затишје мигрантите повторно почнаа да вршат притисок врз границите на земјите од Балканот. Тоа го прават на разни начини и низ повеќе рути. Една од нив останува и онаа низ Македонија.
Не се толку штетни како обичните цигари и помагаат за откажување од пушење. Тоа се најчестите заблуди во врска со пушењето електронски цигари. Најновите сознанија покажуваат дека некои од нив се токсични и многу опасни по здравјето. Затоа и некој земји почнаа да ги забрануваат.
Во ова издание на „Темата на неделата“ говориме за еден многу профитабилен бизнис кој, како што велат, има блескава иднина. Деновиве македонските обиди да се земе дел од големиот колач ја разбрануваа јавноста.
Лажни вести, полувистини или извртување на фактите, се лиферуваат од различни мотиви. Од најбанални, за „кликови“, до обиди за политичко влијание, па и дестабилизација на општествата.
Во ова изадние на „Темата на неделата“ говориме за тоа дека е можно, се разбира ако се сака, да се постигне многу во зачувувањето на културното и природното наследство во светот. Дали тоа може да му се случи и на Охрид?
Вчитај повеќе