Што е потребно за да дојде до помирување во македонското општеството по неколку годишните тензии? Како е во западните земји, а како во Македонија?
Меѓународниот Монетарен Фонд ја зголеми прогонозата за глобалниот раст, но, предупреди и дека протекционистичките политики му се закануваат на економското заздравување во светски рамки. Прогнозата на ММФ за растот на економијата во Македонија, според економистите, тешко ќе се оствари.
Која е ефективноста на можните санкции кои Брисел би ги поставил кон влади или политичари во Македонија и Унгарија поради нивни недемократски чекори?
Кои се предизвиците за Европа, но и за Македонија од евентуален нов масовен бран на мигранти и бегалци, откако Турција најави дека би можела да се откаже од договорот со ЕУ за задржување на бегалците на нејзина тероиторија.
ЕУ со повеќе брзини, но дали и кон Балканот? Дали ЕУ, соочена со внатрешни проблеми, е способна да се соочи со нагласените трендови на Балканот каде се повеќе се зборува за „надворешни непријатели и за редефинирање на границите“
Охрабрени од победата на Доналд Трамп и од Брегзитот крајно десничарските сили во Европа се надеваа дека сега е моментот што треба да го искористат. Меѓутоа, нивниот изборен неуспех во Холандија, дава надеж дека тие се уште се соочуваат со отпор кај граѓаните.
Затворените граници на Балканот за мигрантите и бегалците, ги користат шверцерите, не само на луѓе. Секојдневно, во полициските акции се апсат шверцери, кои заработуваат на маката на другите. Само за пренесување низ Македонија, наплаќаат околу 3 илјади евра.
Проширувањето на НАТО на Балканот, наидува на се посилен отпор на Русија. Што се случува со македонските аспирации и очекуваното членство на Црна Гора во Алијансата?
Во светот, по неколкуте големи финансиски скандали, почна да се размислува за запирање на даночните олеснувања, односно на избегнувањето на плаќањето данок. Македонија е зафатена со овој проблем со оглед на тоа што голем дел од странските инвестиции потекнуваат од вакви дестинации.
На Балканот зачестија масовните протести, главно насочени против криминалот и корупцијата поврзани со власта, но и поради авторитарното владеење. Иако поводите и мотивите се различни, заедничко е јакнењето на граѓанската свест дека власта не може да прави што сака.
Земјите кои се наоѓаат на балканската мигрантска рута се согласија да ги до-запечатат и онака затворените граници за да спречат можен бран мигранти на пат кон богатите земји на ЕУ. Во меѓувреме, во Македонија се заглавени околу 100 - тина мигранти.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг последните посети на Приштина и Сараево ги искористи за да ја пренесе поракатa дека Алијансата не е откажува од поддршката на стабилноста на Западен Балкан. Тоа особено по зголемената заинтересираност на Русија за регионот. Што тоа значи за Македонија?
Вчитај повеќе