За закажување на некои специјалистички прегледи се чека и со месеци. Но, наспроти долгите листи на чекање на „Мој термин“, македонските пациенти немаат навика да ги откажат прегледите кога не можат да одат на закажаниот термин.
Македонските граѓани годинава ќе можат авионски да патуваат до Дубаи, Барселона, Лион, Штутгард, Базел, Истанбул, Париз и Женева.
Амбулантите низ целата земја се преполни со пациенти кои се жалат на симптоми на грип. Лекарите предупредуваат дека бројот на заболени ќе расте, а пикот на вирусот се очекува во втората половина на февруари. Погледнете како да го препознаете грипот и уште поважно, како да се заштитите.
Од осамостојувањето, железничкиот сообраќај во Македонија пропаѓа. Немаше инвестиции во нова, а ниту во постоечката железничка мрежа. Пругата кон Бугарија, која е дел од коридорот 8, уште не е готова.
Заклучно со 2024 година, 13 македонски државјани се најдоа на непопуларната црна листа на САД. На неа се политичари, поранешни премиери и министри, градоначалници, судии...главно поради вмешаност во корупција или злоупотреба на положбата за лична корист.
Почесниот белоруски конзул Борче Марковски е под истрага за сомнителни тендери во РЕК Битола. Но, РСЕ открива дека тој има фирма и во Србија која редовно добива тендери од државните шуми. За да стане конзул соработувал со белоруски компании за кои САД имаат санкции поради блискоста со Лукашенко.
Министерството за образование објави дека се направени измени во актуелната концепција за основно образование кои ќе се применуваат од следната учебна година. Според нив историја, географија, биологија, физика и хемија се враќаат како посебни предмети во наставата за основците.
Практични совети и стручна помош ќе може да добие секој кој сака да се откаже од пушењето, ако се јави на бројот 078 285 873. Целта на Институтот за јавно здравје е да го намали процентот на пушачи, кој изнесува 45 проценти.
Според Синдикатот, потрошувачката кочничка за ноември 2024 изнесува 77.400 денари. Што може да си дозволи едно 4 члено семејство со тие пари, доколку има на располагање две просечни плати? Оние со минимални се далеку од овие пресметки.
Со зголемувањето на пензиите во октомври, дупката во ПИОМ порасна за сто милиони евра, пари кои дојдоа од државната каса. За новото зголемување догодина ќе бидат потребни плус 130 милиони евра од буџетот.