Во Пула на 25 март требаше да се одржи концерт на хрватскиот пејач Душко Кулиш и српските пејачи Драган Којиќ, Ана Бекута и Зорана Миќановиќ. Организаторот тврди дека градоначалникот му рекол „дека не сака српско ѓубре во неговиот град“. Тој, пак, вели дека таква музика не е во духот на градот.