Кардиолог од Романија е уапсен оти отстранувал пејсмејкери и други срцеви уреди од мртви и ги вградил на живи пациенти. За случајот се обвинети уште четворица медицински лица. Тие на пациентите им наплаќале меѓу 2000 и 3000 евра за апарат од мртов човек, колку што чини и нов уред.