Џамиите во Скопје празни за Рамазан

По рамазанскиот пост, на 24 мај е Рамазан Бајрам, кој се чествува три дена.

Ќосе Кади џамијата во Скопје

Речиси во сите скопски џамии одат само по неколку верници дневно.

Деновиве празна е и џамијата во Старата скопска чаршија.

Властите и верските заедници во Македонија ги повикаа своите верници да го поминат Рамазан во кругот на своето најблиско семејство.

Џамиите во Скопје со обележја за светиот месец.

Џамиите се затворени, а верниците се молат во своите домови, додека на ифтар се собираат само најблиските.

Араста џамијата во Скопје датира уште од 15-иот век.

Сите верски обичаи на муслиманските верници за Светиот месец Рамазан се прилагодени на актуелната ситуација со пандемијата, велат верските челници.