За справување со пандемијата ќе требаат 100 милијарди долари

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Габрејесус

Светот треба да потроши најмалку 100 милијарди долари за нови „алатки“ за решавање на пандемијата на вирусот корона, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Габрејесус.

Пандемијата Ковид-19 ја чини глобалната економија околу 375 милијарди американски долари месечно, објави Светската здравствена организација (СЗО), врз основа на информациите од Меѓународниот монетарен фонд.

ММФ проценува дека пандемијата ја чини глобалната економија 375 милијарди американски долари месечно и предвидува кумулативна загуба на глобалната економија во текот на две години од над 12 трилиони американски долари, рече Гребересус.
Според него, светот веќе потроши милијарди во справувањето со краткорочните последици од пандемијата.

Само државите од Г-20 мобилизира повеќе од 10 трилиони долари фискален стимул за да ги ублажат ефектите на пандемијата, рече Тедрос.

Тоа е веќе три и пол пати во споредба со вкупните средства што светот ги потроши за ублажување на штетите од глобалната финансиска криза, рече тој.