Охридскиот регион ги исполни критериумите да биде впишан на Листата на УНЕСКО со светски богатства во опасност. УНЕСКО го објави Извештајот по однос реактивната Мониторинг-мисија од 2017 година, во кој на 125 страници ја отсликува ситуацијата на терен, со сите недоследности, пропусти, промашувања, отстапувања, грешки и неостварени ветувања за подобрување. Во Извештајот останува препораката Охридскиот регион да биде поместен на Листата загрозени светски природни и културни богатства.
Градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски, во пресрет на конечниот извештај за Охридскиот Регион кој УНЕСКО треба да го објави денеска, рече дека без разлика каква ќе биде одлуката, тие ќе продолжат „неуморно да работат за интересите на Охрид“.
Премиерот Зоран Заев на Фејсбук напиша дека податоците на УНЕСКО се стари и оти од лани е направено многу за Охрид.
Некои, пак, го потсетуваат дека и тој си има кабает поради политички калкулации.
Дел од граѓаните велат дај средете го Охрид за туристи, од УНЕСКО не се живее.
Кој е тој УНЕСКО да ни кажува што да правиме, иронизираат други.
Ситуацијата со Охрид многумина ги потсети на изјавата на поранешниот камионџија, а тогаш воен градоначалник на Требиње Божидар Вучуревиќ, викан Божа Волан, кој по бомбардирањето на Дубровник од силите на тогашната ЈНА кон крајот на 1991 година, изјавил „Ако треба ќе изградиме уште поубав и постар Дубровник“.
Кога ќе се тргне заштитата, не платформи, ќе може бетонски остров да се изгради на сред езеро.
Трети се обидуваат да објаснат зошто заштитата на Охрид е важна.
Охриѓани потсетуваат дека проблемите почнаа да настануваат кога плажите почнаа да добиваат газди.
Охридскиот регион е на листата на Светско наследство на УНЕСКО од 1979 година.
Погледнете ја нашата најнова репортажа за уништувањето на Охридското Езеро.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5