Јосифовски - Да се истражат сите индиции за нелагални активности во Дрисла
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Треба да се направат сериозни анализи и истражувања за увезениот отпад во земјава и да се провери дали имало нелегални дејствија, а потоа да се воспостават механизми за заштита, бидејќи Македонија и регионот се интересни земји како локации за богатите европски земји да се ослободат од она што не го сакаат, вели Блаже Јосифовски од граѓанската организација „Ајде Македонија“ во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој додава дека моменталната регулатива го овозможува увозот на отпад и според него е потребна е промена на законот, барам до влегувањето на земјата во ЕУ.