Јовески: Двете писма со заканите по живот се предадени во МВР
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Две писма со закани по живот добил државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој во изјава за РСЕ вели дека тие веќе се предадени во МВР со цел пронаоѓање на сторителот. Јовески вели дека заканите ги добил за кривичен предмет кој бил завршен во декември 2021 година, но веројатно сторителот не бил запознаен со тој факт. Заканата била испратена преку препорачана пратка од наводна „терористичка организација која се бори и убива за неправда“. Писмата биле напишана на два јазика, македонски и англиски јазик.