Јовановиќ - државата прогресивно да ги даночи богатите и големите компании
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
ММФ своите заеми ги условува со намалување на дефицитот и со држење на јавниот долг под одредено ниво. Државата ќе мора да крати на расходи или да ги зголеми приходите. Ако се одлучи да намали на трошењето, може да крати пензии, плати во јавна администрација, пари за социјални трансфери, да крати на државни трошоци. Доколку, пак, се одлучи за опцијата да ги зголеми приходите, тоа може да го направи преку враќањето на прогресивниот данок, односно даночење на богатите и големите компании, вели Бранимир Јовановиќ, Виенски институт за меѓународни економски студии.