Јавна српска благодарост до Кина за нервирање на ЕУ
Видеобим со кинеско знаме во главниот град на Србија, Белград. Ова е едно од неколкуте прикази на про-кинески пораки инсталирани низ цела Србија за време на пандемијата на коронавирус.
Знак што очигледно го платил Информер, српски весник поддржан од владата. На билбордот пишува: „Благодарам брате [кинескиот претседател] Си“.
Знакот беше инсталиран откако Кина испрати медицински материјали во Србија среде пандемијата на коронавирус. Останува нејасно колкав дел од испораката е платен и колку е дониран. Кина е критикувана нашироко за неинформирањето за вирусот кога започна во Вухан кон крајот на 2019 година.
Транспарент во центарот на Белград: „Срби и Кинези, засекогаш браќа“
Огњен Зориќ, српски новинар од Балканскит сервис на РСЕ / РЛ, вели дека кај српската јавност има наклонетост кон Кина, особено по бомбардирањето на НАТО во 1999 година на Југославија, на кое Кина се спротивстави, но знаците како овие може да бидат насочени кон привлекување на вниманието на ЕУ. Србија е кандидат за пристапување во ЕУ од 2011 година.
Транспарент што ги поврзува српското, кинеското и руското знаме, на една општинска зграда во јужен Белград на 13 април. На транспарентот пишува: „Железни пријатели, делиме добро и зло!“ Десно од тоа пишува: „И благодариме на братска Русија! “
Жена минува низ огромни транспаренти на врзани знамиња на Србија и Кина во Белград.
Зориќ вели дека и Кина и Русија се „многу присутни“ во Србија и оти ваквите транспаренти може да биде начин за навестување на ЕУ дека земјата има опции за геополитичко усогласување. „Мислам дека Србија се обидува да ја направи ЕУ малку љубоморна. Во спротивно, би можеле да се отвориме кон Русија и Кина “.
Зградата Палата Албанија во центарот на Белград осветлена во боите на кинеското знаме на 21 март.
Зориќ вели дека додека некои билборди биле изнајмени од страна на медиуми што не и се наклонети на владата, другите оние про-кинески биле платени од градските власти.
Видеобим со „благодарност“ до кинескиот претседател Си Џинпинг до зградата на Националното собрание на Србија.
Кон крајот на април, еден висок официјален претставник на ЕУ изјави: „Ако одите во Белград, ќе видите билборди на главните улици со претседателот Си од Кина, со благодарност до Си и "вие сте единствениот што ни помагате “. Што е многу смешно, затоа што никогаш не сум видел билборд како вели: ‘И благодариме на ЕУ за помошта што ни ја пружи.’ И ние им пружавме голема помош на Србија и на другите земји на Балканот. “
Демонстрант пред Националното собрание на Србија, до плакат на српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот Си Џинпинг на кој пишува: „Срби и Кинези, засекогаш пријатели“.
За време на видео самитот овој месец, ЕУ објави „стабилна економска инвестиција“ за балканските земји, над 3,3 милијарди евра за финансирање во итни случаи. „Западен Балкан припаѓа во ЕУ“, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен по самитот.