Младите волонтери на „Сано“, кои ја имаат победено леукемијата, сега им помагаат на децата со леукемија сместени во Детската клиника во Скопје и на нивните родители. Волонтерите Теодора Трајковска, Андријана Серафимовска, Бојан Христовски, Тео Тасев и Филип Димишковски се добитници на наградата „13 ноември“ за оваа нивна хумана активност. Што имаат да порачаат тие?
Ја победиле леукемијата и им помагаат на тие што сега се борат со неа
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Младите волонтери на „Сано“, кои ја имаат победено леукемијата, се враќаат во Детската клиника за да им помогнат на родителите и децата кои боледуваат од оваа болест. Волонтерите Теодора Трајковска, Андријана Серафимовска, Бојан Христовски, Тео Тасев и Филип Димишковски се добитници на наградата „13 ноември“ за нивната хумана активност. Тие, преку нивната организација, отворија Родителска куќа кај Детската клиника, каде престојуваат родителите и децата на лекување кои не се од Скопје. Покрај бесплатниот престој тие помагаат и со психолошка поддршка. Што имаат да порачаат тие?