Што мислат косовските Срби за барикадите?
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Косовски Срби од различни делови на Косово вчера протестираа во северниот дел на земјата, на една од деветте барикади во селото Рударе, општина Звечан. Тие побараа ослободување на уапсениот поранешен полицаец Дејан Пантиќ, повлекување на „тајните списоци за апсење и пукање на Србите“, како и повлекување на специјалните единици на косовската полиција од северот на Косово. Дел од насобраните граѓани на Рударе, со кои разговараше РСЕ, велат дека протестираат за своите права, но имало и такви кои се изјасниле дека биле принудени да протестираат. Ваквите собири се „работна обврска“ за вработените во српските институции на Косово. Косовската полиција соопшти дека, според проценките на теренот, протестот завршил мирно и дека на него учествувале околу 1.500 луѓе.