Што ако никогаш не се развие вакцина за ковид-19?

илустрација

Иако земјите полека се одмрзнуваат по острите мерки, милијарди луѓе ги губат нивните средства за живот. Затоа со нетрпение се чека на она што можеби ќе го означи крајот на пандемијата - вакцина против коронавирусот. Но, постои и друга, можност, онаа најлошата: да не се дојде до вакцина. И во двата случаја ќе мораме да живееме со тоа.

Земјите полека се отворија и некои слободи се вратени, но, доколку се следат препораките на експертите, на краток рок.

Тестирањето и физичкото дистанцирање станаа дел од нашите животи, но во многу земји, нагли препораки за самоизолирање би можело да дојдат во секое време.

Во меѓувреме, може да се развијат некои третмани - но болеста сè уште би можело да се појавува секоја година.

Ветувачки резултати и надежи за вакцина против коронавирусот

За ваквата можност ретко јавно се изјаснуваат политичарите, кои оптимистички зборуваат за испитувања кои се во тек за да се пронајде вакцина.

Но, многу експерти ја сметаат за сериозна и можноста да не се најде вакцина – бидејќи тоа се случило и претходно. Неколку пати.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

КОВИД 19: Почнува производство на експериментална вакцина

Предвидувањата се дека вакцина би била можна до крајот на годинава и научниците се уверени дека таа и ќе биде развиена; делумно затоа што, за разлика од претходните болести како ХИВ и маларијата, коронавирусот мутира, ама не брзо.

„Никогаш не сме развиле вакцина за една година до 18 месеци“, вели д-р Питер Хотез, декан на Националното училиште за тропска медицина на Медицинскиот колеџ Бајлор во Хјустон, за Си-Ен-Ен, додавајќи:

„Тоа не значи дека е и невозможно, но ќе биде херојско достигнување. Сепак ни треба и план Б“, вели тој.

Кога вакцините не се ефикасни

Во 1984 година, американскиот секретар за здравство Маргарет Хеклер објави во Вашингтон дека научниците успешно го идентификувале вирусот кој подоцна стана познат како ХИВ и оти предвидуваат дека превентивна вакцина ќе биде подготвена за тестирање за две години.

Скоро четири децении и 32 милиона смртни случаи подоцна, светот сè уште чека на вакцина против ХИВ.

СЗО ги поздрави резултатите од тестот на двете вакцини

Тешкотиите при наоѓање на вакцина започнаа со самата природа на ХИВ / СИДА.

„ХИВ за разлика од грипот продолжува да мутира во вас, така е како да сте заразени со илјадници различни видови на ХИВ “, објаснува специјлистот за инфекции Пол Офит за Си-Ен-Ен, додавајќи:

„И додека мутира, го уништува вашиот имунолошки систем“.

„Ковид-19“ не го поседува ваквото ниво на непредвидливост, правејќи ги експертите генерално пооптимистични за наоѓање на вакцина.

Но, имало и други болести кои ги збуниле и научниците и човечкото тело.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Вакцина за сите?

Ефективна вакцина за денга треската, која инфицира дури 400.000 луѓе годишно според СЗО, ги нервира лекарите со децении.

Во 2017 година, големиот напор да се најде беше суспендиран откако беше утврдено дека ги влошува симптомите на болеста.

Слично, многу тешко е да се развијат вакцини за вообичаени риновируси и аденовируси - кои, како коронавирусите, можат да предизвикаат симптоми на настинка.

Има само една вакцина за да се спречат два вида на аденовирус, но таа не е комерцијално достапна.

Русија обвинета за обид за кражба на истражувања за вакцини против ковид-19

Како и да е, процесот на тестирање - не развојот - го забавува производството на вакцини, додава Хотез, кој работел на вакцина за заштита од САРС.

„Најтешкиот дел е да докажете дека вакцината е ефикасна и безбедна “.

План Б

Ако истата судбина се случи со вакцина за „Ковид-19“, вирусот би можел да остане со нас многу години.

Но, медицинскиот одговор на ХИВ / СИДА сè уште обезбедува рамка за живеење со болест од која не можеме да се заштитиме.

"Со ХИВ, успеавме со антивирусни лекови. Ние го направивме она што секогаш се надевавме дека ќе направиме со карциномот", вели Офит.

Голем број на третмани, исто така, се тестираат за „ковид-19“, бидејќи научниците работат и на план Б паралелно со тековните испитувања за вакцини, но сите тие испитувања се во многу рани фази.

илустрација

Дозволени се некои лекови како ремдесивир против еболата или широко распространетиот и евтин лек, дексаметазон, кој според истражувањето во Британија, може да спаси една третина од најсериозните случаи на ковид-19.

Ова истражување беше поздравено како „голем чекор во борбата против болеста“.

Хидроксихлорокин, прогласен за потенцијален „менувач на игри“ од американскиот претседател Доналд Трамп, е откриено дека не функционира кај многу болни пациенти.

Како изгледа животот без вакцина

Ако не може да се произведе вакцина, животот нема да остане како што е сега. Едноставно може да не се врати во нормала брзо.

„Заклучувањето не е одржливо економски, а можеби и политички“, вели Кејт Нил од Универзитетот во Нотингем. „Значи, потребни ни се други работи за да го контролираме тоа“.

Што е ремдесивир и зошто сите го сакаат?

Тоа значи дека, додека земјите ќе започнат да излегуваат од наметнатата парализа, експертите би ги натерале владите да спроведат незгоден нов начин на живеење и интеракција за да купат време во месеци, години или децении се додека Ковид-19 не може да се елиминира со вакцина.

Набаро повикува на нов „социјален договор“ во кој граѓаните во секоја земја, додека почнуваат да се враќаат на нивниот нормален живот, да преземаат лична одговорност и да се изолираат доколку покажат симптоми или стапат во контакт со потенцијален случај „Ковид-19“.

Бизнисот се враќа во чудна нова нормалност

Експертите предвидуваат и постојана промена во ставовите кон работењето од дома, кое би можело да стане стандарден начин на живот за некои вработени.

„Апсолутно важно е да се има воспоставен систем на јавно здравје, кој вклучува потрага по контакти, дијагностицирање на работното место, мониторинг за синдромичен надзор, рана комуникација за тоа дали треба да се реализира социјалното дистанцирање“, додава Хотез. „Тоа може да се изврши, но комплицирано е и навистина не сме го сториле порано“.

„Новото нормално“ е се друго освен нормално

Овие системи би можеле да дозволат да се вратат некои социјални интеракции.

„Ако има минимално пренесување, навистина може да биде можно да се отворат спортските настани“ и други големи собири, вели Хотез - но таквиот потег не би бил постојан и постојано ќе биде под оценка на владите и телата за јавно здравје.

Пробив против ковид-19, евтин лек спасува животи

Тоа значи дека Премиер лигата, НФЛ и другите масовни настани би продолжиле се додека спортистите редовно се тестираат, а навивачите ќе бидат разделени на трибините – но со постојана закана за брзо затворање на стадиони ако почне да расте бројот на заразени.

„Баровите и пабовите се последни на оваа листа, затоа што тие се преполни“, сугерира Нил, наведувајќи. „Тие како и рестораните мора да бидат со физичко растојание меѓу гостите“.

Поголемите ограничувања најверојатно ќе се вратат во текот на зимата, при што Хотез укажува на тоа дека пиковите на ковид-19 може да се појават секоја идна зима сè додека не се најде вакцина.

И забраната за движење би можело да се врати во секој момент. „Од време на време ќе има појава на епидемии, движењето ќе биде ограничено - и тоа може да важи за делови на една земја, или може дури и да важи за цела земја“, вели Набаро.

Сите овие предвидувања донекаде се смирени со општото уверување дека на крајот ќе се развие вакцина.

„Мислам дека ќе има вакцина - има многу пари, има многу интерес и целта е јасна“, вели Офит.

Но, ако претходните епидемии докажале нешто, тоа е дека ловот по вакцини е непредвидлив.

„Мислам дека ниту една вакцина не е развиена брзо“, предупредува Офит.