Швајцарка патува пеш низ Балканот во друштво на животни
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Дваесетиседумгодишната Маниша Бергер од Лозана, Швајцарија, која е тренер на коњи, изминативе осум месеци патува во друштво на нејзините два коња и кучето, Аку.
Минатиот септември, тргнала на тура низ Европа, но пеш, со оглед на тоа што патиштата не се соодветни за јавање. Поминала низ северна Италија, потоа Словенија, северна Хрватска, Истра, Лика и Далмација. Периодов е во српскиот град Сид, додека очекува документи со кои ќе може да се врати дома, преку Хрватска.