Чистачот на чевли Иљаз - Сè повеќе тажни лица и патики на костум
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Искусниот чистач на чевли Иљаз Руфат, во центарот на Скопје работи скоро две децении. Фатил, како што вели - поубави времиња, но, ги дочека и овие, во кои се сменети трендовите и навиките, па и обемот на работа. Ги охрабрува младите да учат занаети, ама и ги разбира зошто не сакаат да ја продолжат традицијата на неговиот, кој веќе не е на цена како некогаш.