Четири жртви при упадот во зградата на Конгресот на САД
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Насилни демонстранти кои го поддржуваат американскиот претседател Доналд Трамп упаднаа во зградата на Капитол Хил во САД со што го одложија официјалното верификување на победата на избраниот претседател Џо Бајден на претседателските избори во ноември. Четири лица починаа во насилството што изби откако Трамп ги поттикна приврзаниците на митингот пред Белата куќа и ги оспори изборните резултати. Шок и одвратност изразија политичарите од целиот политички спектар на САД.