Српскиот министер за здравство Златибор Лончар денеска изјави дека 65-годишна жена од Ниш починала од последици од новиот коронавирус, што е четврта жртва на Ковид-19 во Србија.
„Таа беше нерегулиран дијабетичар и беше на респиратор од 21 март. Лекарите направија се, но не успеаја да и помогнат“, изјави Лончар.
- Вучиќ најави масовно тестирање, кинеска медицина и високи казни како нови мерки против коронавирусот
Министерот апелираше до граѓаните да останат во своите домови и додаде дека до сега на респиратори се 21 пациент, а двете заразени бебиња се во добра здравствена состојба.