Хрватската влада и владата на БиХ најавуваат намалување на платите во јавниот сектор од 10 до 15 отсто, како мерка за справување со економските последици од коронавирусот, пренесе МИА.
Хрватскиот министер за економија Дарко Хорват изјави дека доколку не помогнат другите методи во време на кризата со Ковид-19, тогаш ќе мора да се намалат и платите во јавниот сектор.
- Поради коронавирусот Заев предлага цела администрација да биде на минималец
- ВМРО-ДПМНЕ е против намалување плати во администрацијата
И во БиХ, федералниот премиер Фадил Новалиќ вчера порача дека треба да се намалат платите за време на кризата поради коронавирусот.
„Секако дека сметам оти треба на сите да им се намалат платите. Не е проблем ако треба да се почне од највисоките функционери. Некои одлуки треба да ги донесе Парламентот, некои Владата. Платите треба да се намалат, почнувајќи од мене“, изјави Новалиќ.