Хрватска - очекувања и страв од еврото

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Хрватската куна, откако повеќе од 28 години се користи како службена пари, на Нова година беше заменета со евро. Граѓаните, сепак, ќе можат да плаќаат во куни до 15 јануари. Исто така, во текот на 2023 година граѓаните ќе можат бесплатно да разменуваат банкноти и монети куни по фиксен курс (7,53 куни за евро), а од 2024 година само во Хрватската народна банка.