Уште еден инцидент, овој пат со модуларната ковид болница во Прилеп, каде што со хебла била отворена надворешната табла за струја, како што информира Министерството за здравство, по информациите од дописниците на сите домашни медиуми.
МЗ: со хебла отворена таблата за струја во модуларната ковид болница во Прилеп
Таму се хоспитализирани 17 пациенти од кои повеќето се на кислородна поддршка, но за среќа вандализмот не предизвикал загрозување на нивниот живот. И се повторува појавата кај посетителите на нашата ФБ страница – неверување дека тоа навистина се случило и дека „Сега ќе одвлекуваат внимание на секој можен начин“, како што постирал Слободан Сунгер Боб Штериевски. И редовниот Сашо Станикиевски со слично негативно размислување: „Почнаа северџаните филмови да праат за мали деца“. Мите Паунков напишал: „А вонредна состојба е за да чува војска или разгалени Македонци плачковци...“ Самир Османи со дијаметрално спротивно мислење: „Тактики бесрамни вмронски за после да повикуваат на оставки на министер, наместо причинителот... оти тие се криминалците“.
Видете и ова: Со вода во буре во 21 векСе урива првата од трите галии во Вардар
Информацијата за уривањето на првата од трите галии во Вардар изградени за време на Владата на Груевски дефинитивно е рекордер според бројот на ваши коментари. Доминираат реакции со жалење за овој потег на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, како коментарот на Муамед Алоски кој кратко напишал: „Жалосно!“, и иронизирање, како коментарот на Петров Ска: „Уште тоа му остана несредено во градот бе луѓе... заш сте такви критикувате... нашето Скопје од кога не видело ваква домаќинска рака...“ Коментар на Крсте Бојоски: „Лесно е да уништиш нешто бидете паметни па изградете нешто што ќе остани за спомен на неспособна гробарска влада“. Љиљана Кимова како да им одговара на оние што реагираат негативно: „Галиите не биле ниту ќе бидат историја, бидејќи никогаш и никаде не постоеле на овие простори! Тие ќе останат како уште еден споменик на болната фантазија од владеењето на Грујо и неговото ВМРО!“ Горица Андреева револтирано постирала: „Кај нас горат или шуми или горат, за жал, и луѓе или нешто се руши. Ало... ненормални, ќе одговарате ли или баш ве заболе... “ А Ацо Колоски кратко: „Сите три да ги НЕМАТ, го грдат матниот Вардар“. Некој со хумор: „Само кај нас галии се уриваат, во цел паметен свет се потопуваат“, како Сашо Иваноски кој постот го завршил со три Смешковци. Магдалена Костадинова со поинакво размислување: „Пари од народот за да се гради, пари од народот за да се руши“.
Досега попишани вкупно 1.037.309 лице
Државниот завод за статистика соопшти дека досега се попишани околу милион граѓани, а Венко Спасовски во коментарот реагира: „Не знам како, ама попис се прави во моето маало во тетратка запишуваат податоци, на мое инсистирање зошто така, ми одговорија дека нема интернет конекција“. Милош Тасевски на кумановски дијалект напишал: „Исто и без лични карте колко човека му кажеш толко напише а и без да си присутан попишев људи“. Горан Ристов порачува: „Кај мене не доваѓајте“, исто како и репликата на Ванчо Андов: „И кај мене“.