Хајредини: 40 години не е инвестирано во енергетски капацитети
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини, кој го помина работниот век во Електростопанство на Македонија, вели дека енергетиката во земјава е занемарувана веќе 40 години. И да не беше моменталната криза и растот на цената на струјата на меѓународниот пазар, Македонија кога-тогаш ќе мораше да се соочи со последиците од тоа занемарување на инвестициите во производствени капацитети, вели Хајредини.