Харкив ги издржува ракетните напади додека руската офанзива се интензивира

Пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот по руското гранатирање во областа Немишлјански во Харкив на 20 јуни.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Москва се обидува да се прегрупира за повторно да го нападне Харкив. „Се разбира, ќе направиме сѐ што е можно да ги запреме окупаторите, да го заштитиме народот. Но, за да го направиме тоа побрзо, потребна ни е поддршка, модерно оружје. Такво оружје што има потенцијал поголем од оној на руската армија. Во прашање се животи“, рече тој.

Последиците од рускиот ракетен напад врз ветеринарната академија на Државната зоолошка градина во Харкив на 20 јуни. Според очевидци, немало загинати или повредени.

По ракетниот напад се забележани оштетени простории на ветеринарната академија на Државната зоолошка градина во Харкив.

Случаен минувач гледа во кратер длабок 2,5 метри од руски ракетен напад пред Ветеринарната академија на Државната зоолошка градина во Харков.

Предмети спасени од училница во која има птици по последиците од рускиот ракетен напад што ја оштети Ветеринарната академија на Државната зоолошка градина во Харкив.

Жена чисти остатоци на академијата.

Пожарникари го гаснат пожарот што на 20 јуни по руското гранатирање во индустриската област во Харкив.

Случајни минувачи гледаат како се отстрануваат остатоците од уништениот Стручен колеџ за железнички транспорт „Љуботин“ во близина на Харкив на 20 јуни. Според „Украинска правда“, две руски крстосувачки ракети го погодиле колеџот, во кој имало и волонтерски центар каде луѓето можеле да собираат хуманитарна помош за внатрешно раселените лица.

Луѓе ги чистат остатоците од стручниот колеџ за железнички транспорт „Љуботин“ во близина на Харкив.

Најмалку тројца цивили загинаа, а седум беа повредени додека руските сили го интензивираа гранатирањето на регионот Харкив во последните 24 часа, според регионалниот гувернер Олех Синјехубов во објава на Телеграм на 21 јуни.