Хакирани сајтовите на МОН и Здравство

Принтскрин од објавената фотографија на хакираните сајтови на МОН и Министерството за здравство

Доцна синоќа беа хакирани интернет сајтовите на Министерството за образование и наука и на Министерството за здравство. Место нивната содржина, и на двата сајта се отвораше црна заднина со фотографија и текст потпишан од „anonopsmkd“.

Одговорноста за хакерскиот напад ја презеде групата која стои зад профилот„anonopsmkd“, која ја презеде одговорноста и за паѓањето на страницата на Тајм.мк.

„Пак ние. Овој пат најбедното министерство е наш таргет, Министерството за смрт. После се’ што видовме со наши очи, не можеме а да не останеме гневни на сите тие синови и ќерки ставени на позиција да водат Министерство за здравство, каде што здравјето и животите на сите тука ни зависат! И покрај сите гневни пораки сега ќе испратиме и една добра: за сите медицински лица кои во моментов се во болниците и се борат 24/7 за сите Македонци заболени со ковид-19, ви симнуваме капа и ви се поклонуваме до земја. Секоја чест“, се вели во текстот постиран на хакираните сајтови.