Пред повеќе години, во турските медиуми беше објавена фотографија што стана најпопуларна во Турција. На таа фотографија беа сегашниот турски претседател Раџеп Тајип Ердоган, неговиот денешен „политички непријател“ Фетула Ѓулен и еден фудбалер.
Тој фудбалер важи за најголемиот напаѓач на Турција и најдобар фудбалер во историјата на земјата. Тој е еден од најголемите голгетери во Европа. Тој е легенда. Ова се само дел од епитетите користени за фудбалерот Хакан Шуќур, кој годинава наполни 50 години. Ова е приказната за него - за фудбалската слава, за турската фудбалска историја и за политиката.
Фудбалска бесмртност
Тој постигна фудбалска бесмртност на Светското првенство во 2002 година, кога го постигна најбрзиот гол во историјата на првенствата - за помалку од 11 секунди. На сите негови 112 натпревари во турската репрезентација, тој постигна 51 гол, со што стана најдобар стрелец во земјата и 19-ти на светската ранг -листа.
Помеѓу 1987 и 2008 година, Шуќур играше за тимови како што се турскиот Галатасарај, италијанскиот Интер и англискиот Блекбурн Роверс. Тој одигра клучна улога во Галатасарај во 1999 година, кога турскиот гигант го освои Купот на УЕФА. Ова е прва и единствена меѓународна награда за турски клупски тим во нивната историја.
Видете и ова: Чавушоглу: Борбата против ФЕТО е важна и за МакедонијаВо својата клупска кариера Шуќур постигна вкупно 383 гола и стана познат по својата прецизност.
Хакан Шуќур е роден во северозападниот турски регион Сакарија, кој се наоѓа на Црното Море. Почнал сериозно да игра фудбал како тинејџер, а професионалното деби го направил кратко по неговиот 17-ти роденден.
По стотици голови подоцна, Шуќур се повлече од професионалниот фудбал во 2008 година.
Хакан, Ердоган и Ѓулен
Таа фотографија со Ердоган и Ѓулен е од неговата венчавка и е само вовед во неговата политичка кариера. Таа почна кога тој се кандидираше за пратеник од партијата на долгогодишниот турски лидер Реџеп Таип Ердоган, во 2011 година.
Денеска Шуќур се смета за поддржувач на еден од најголемите противници на претседателот Ердоган - другиот на фотографијата од венчавката, Фетула Ѓулен. Тоа е она што доведе до расцеп помеѓу него и остатокот од владејачката партија само две години откако влезе во Парламентот. Шуќур ја напушти Партијата на правдата и развојот и остана независен пратеник до крајот на неговиот мандат.
Работеше како фудбалски коментатор за турската Национална телевизија до февруари 2016 година, кога беше осуден за навреда на Ердоган на Твитер. Само неколку месеци подоцна, беше наредено да биде уапсен под сомнение дека бил член на движењето за поддршка на Ѓулен. Тогаш организацијата на Ѓулен веќе беше прогласена за терористичка организација одговорна за државниот удар против Ердоган во јули 2016 година. Неговиот татко помина дури и една година во затвор.
„Можеш да се вратиш во Турција, ама мораш јавно да го поддржиш Ердоган“
Заедно со своето семејство,Шуќур избега од Турција во 2017 година и се насели во Калифорнија, САД, каде што работеше на различни работни места за да заработи за живот. Во 2018 година, тој во интервју за Њујорк тајмс рече дека нема пристап до неговите бизниси, ниту до неговиот имот во Турција.
По години откако се насели во САД, турските државни медиуми го откриле и објавиле фотографии од неговото тогашно живеалиште.
Видете и ова: Анкара: Заштитувајќи го ФЕТО, САД го поддржуваат тероризмот„Ништо не ми остана, Ердоган ми зеде се: моето право на слобода, на изразување и работа“, изјави Шуќур во интервју за Дие Велт во 2020 година.
Така, еден од современите национални херои на Турција всушност се најде во егзил далеку од својата татковина.
Според него, дури и по обвинувањата и налозите за апсење, неговите роднини му рекле дека може да се врати во својата татковина и да врати се што изгубил.
Сепак, цената за тоа е да се биде јавен поддржувач на Ердоган и неговата политика. Шуќур одбива.
"Нема засекогаш да биде мрак. Верувам дека еден ден светлината ќе се врати. Темнината не е вечна", вели Шуќур.