Фотографии од еден исчезнат свет

Како технологијата и геополитиката пред еден век го трансформираа општеството? За тоа зборуваат фотографиите кои неодамна ги стави на располагање еден француски музеј.

Фотографија од млад месар во Крушевац, Србија од 1913-та година. Францускиот музеј Алберт Кан ги стави на увид на јавноста колор фотографиите во висока резолуција.

Три жени во село Опеница, денешна Северна Македонија, 1913-та година.

Музејот во Париз повторно беше отворен во април по повеќегодишно реновирање.

Сенегалски снајперист без оружје. Мароко 1913-та година.

Музејот стави на располагање околу 72.000 фотографии во рамките на проектот Архив на планетата.

Овчар на југот на Босна и Херцеговина, 1912-та година.

Фотографиите можеа да се видат и претходно, но во многу полош квалитет и на портал кој не беше најдобро организиран.

Градска црква во Будимпешта, 1913-та.

Проектот Архива на планетата, во 1909-та го покрена францускиот банкар Алберт Кан, откако технологијата на филмот во боја стана комерцијално достапна.

Продавачи на семиња во Приштина, денешно Косово, 1913-та година.

Кан беше француски банкар, кој, голем дел од своето богатство го искористи за филантропски проекти.

Танчерки во Севиља, 1914-та.

Со овој амбициозен проект, Кан настојувал да забележи како глобализацијата влијае врз трансформацијата на општеството.

Татко и син во Коњиц, денешна Босна и Херцеговина, 1912-та.

Фотографите кои ги ангажирал Кан биле меѓу првите кои фотографирале во боја во земјите каде што работеле.

Маж покрај заедничката фурна во село Опеница, денешна Северна Македонија, 1913-та.

Директорот на проектот, Жан Бруне, за проектот Архив на планетата оценил дека е идеја која ги користи новите инструменти за да ги сочува фактите за Планетата кои наскоро ќе изчезнат.

Католичка верничка во Сараево ги покажува тетоважите на рацете, 1912-та година. Практиката на тетовирање беше окончана под комунизмот во Југославија, по Втората светска војна.

Кан задолжил десетина најдобри француски фотографи да патуваат низ светот за да ги забележат човечките активности во тоа време, за кои претпоставувал дека ќе изчезнат.

Коњи на пасиште на брдата околу село Опеница, денешна Северна Македонија, 1913-та.

Од музејот наведуваат дека обновената онлајн архива открива многу поголем избор на фотофрафии.

Маж во традиционална носија во Кастри, Грција, 1912-та.

Повторната употреба на фотографиите е овозможена поради онлајн достапноста.

Стражар пред амбасадата на Советскиот Сојуз во Анкара, Турција, 1922-ра.

Технологијата на автохроматскиот филм во боја, кој го користеле фоторафите на Кан, прв пат претставена во Франција во 1907-ма, веднаш предизвика сензација.

Кожар позира на брегот на реката Вардар, кај Скопје, Македонија, 1913-та.

Во еден документ се спомнува тврдењето на некој посматрач од 1908-ма, дека техниката ги реплицира боите неверојатно реално.

Семејство во Париз, 1914-та.

Во процесот на создавање колор фотографии, автохромниот филм користел милиони „пиксели“, на обоени зрна од скроб од компир, втиснат во емулзијата.

Вооружени луѓе ја чуваат ерменската аптека во Адана, денешна источна Турција, 1919-та.

Автохромните фотографии во пастелни нијанси се опишувани какои бои на соништата.

Продавач на лимунада во Белград, 1913-та.

Во оригиналниот натпис за горната фотографија се наведува дека садовите за лимунада се во сина, црвена и бела боја, што укажува на фактот дека боите на фотографијата се избледени.

Ерменец во денешен Азербејџан, 1927-ма.

Автохромните фотографски плочи биле едноставни за користење, но многу скапи.

Ирански трон Надери во платата Голестан во Техеран, 1927-ма. Тронот е стар 300 години и последен пат е користен при крунисувањето на шахот Реза Пахлави 1967-ма.

Главен недостиг на автохромната технологија била нејзината мала чувствителност на светло.

Аскет и негов следбеник во Лахоре, денешен Пакистан, 1914-та.

Времето за експозиција, дури и на ведро време, траело со секунди, па било невозможно да се фотографираат сцени во движење.

Бугарка во Владаја, 1918-та.

Фотографите биле во повеќе од 50 држави, а снимиле и околу 100 часа црно-бел филм.

Инженер чија националност не е наведена, на геодетска мисија во Авганистан, 1928-ма.

Фотографите ги користеле и видео материјалите за да ја забележат веродостојноста на секодневието.

Советски споменик покрај Сена во Париз, кој бил експонат на павиљонот на СССР за време на Советската изложба во Париз во 1937-ма.

Кан бил принуден да го прекине проектот откако Големата депресија ги погоди светските финансиски берзи.

Алберт Кан банкротирал во 1932-ра, а починал во 1940-та.

Визуелните записи кои ги оставија неговите фотографи се едни од најзначајните фотографии во боја.