Низ фотографии: Годините на Елцин

Рускиот претседател Борис Елцин пречекан со традиционална понуда леб и сол при посетата на Краснојарск во јули 1994 година.

Елцин (десно) седи со американскиот претседател Бил Клинтон во Хајд Парк, Њујорк, во октомври 1995 година.

Елцин руча со Минтимер Шаимиев, претседателот на Татарстан, во август 1994 година.
Тие седат на брегот на реката Волга додека го чекаат нивниот брод за крстарење.

Овие слики се направени од официјални фотографи од Елцин помеѓу 10 јули 1991 година, денот кога започна претседателството на Елцин и 31 декември 1999 година, кога Елцин му ја предаде власта на Владимир Путин.

Фотографиите се само дел од илјадниците слики што се чуваат во архивата на Претседателскиот центар „Борис Елцин“, музеј и културен центар, отворен во Екатеринбург во 2015 година.

Елцин со јужноафриканскиот претседател Нелсон Мандела во Њујорк за време на прославата по повод 50-годишнината од Обединетите нации во октомври 1995 година. 
 

Елцин позира со морнари во јужна Русија во пролетта 1995 година.

Елцин на шминкање пред телевизиското обраќање во Кремљ во август 1995 година.

Англиската кралица Елизабета Втора разговара со рускиот претседател за време на нејзината посета на Русија во октомври 1994 година. Тоа беше првпат пат еден британски монарх да ја посети Русија, откако односите меѓу двете земји беа нарушени од убиството на царот Николај Втори и неговите семејство. Рускиот цар бил братучед на дедото на кралицата Елизабета.

Елцин слуша превод додека британскиот премиер Џон Мејџор зборува во Лондон во септември 1994 година за време на официјалната посета на рускиот претседател.

Елцин во рускиот регион Татарстан во мај 1994 година беше шпречекансо торта „чак-чак“ во форма на Кремљ. Традиционалниот татарски десерт се прави од мали парчиња крцкаво, длабоко пржено тесто со мед.

Англиската кралица Елизабета Втора разговара со Русин на Црвениот плоштад во Москва во октомври 1994 година.

Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов се среќава со Елцин во Москва во март 1995 година.

Елцин во традиционална локална облека во јужниот руски град Кизил, во јуни 1994 година.

Елцин шета со американскиот претседател Бил Клинтон во Неапол, Италија, во јули 1994 година.

Елцин и Клинтон во Кремљ во јануари 1994 година.

Луѓе на дрвја за да го гледаат Елцин како држи говор во руската област Брјанск во јануари 1992 година.​

Елцин и јапонскиот премиер Хашимото  на брод со други официјални лица на реката Јенисеј во ноември 1997 година. Борис Немцов, кој беше убиен во 2015 година во близина на sидовите на Кремљ е делумно видлив десно од Елцин. Кога е направена оваа фотографија, Немцов беше прв заменик-премиер на Русија.

Импресивен распоред на храна претставен во септември 1997 година за време на патувањето во руската област Ориол.

Елцин и кралот Карл Шеснаесетти Густаф од Шведска во Стокхолм во декември 1997 година

Елцин ја поздравува Викторија, принцеза на Шведска, за време на неговата посета на земјата во 1997 година.


 

Средба меѓу претседателите Александар Лукашенко од Белорусија, Нурсултан Назарбаев од Казахстан, Аскар Акаев од Киргистан и Елцин (лево од десно) во Москва во октомври 1997 година.

 

Елцин поздравува кон толпите за време на отворањето на изложбениот комплекс во Москва, Манеж, во септември 1997 година.

Yeltsin relaxing with a game of billiards during a vacation in Karelia in July 1997. 

Елцин со неговата сопруга Наина Елцина во Кремљ во 1997 година.
 

Светските лидери - вклучително Британецот Тони Блер, американскиот претседател Бил Клинтон и германскиот канцелар Хелмут Кол - се сликаат на покривот на Денвер за време на состанокот на Г8 во јуни 1997 година.

Хилари Клинтон, тогашната прва дама на САД, се среќава со Наина Елцина во Екатеринбург во 1997 година.

Елцин отпоздравува додека стои покрај Владимир Путин на 31 декември 1999 година. Елцин му го предаде претседателството на Путин тој ден по скоро една деценија на власт. Елцин ја напушти функцијата  - најмногу заради економските тешкотии за време на неговото претседателствување. Но, според некои е заслужен за спречување на потенцијална граѓанска војна во Русија по распадот на Советскиот сојуз. Елцин почина во април 2007 година на 76-годишна возраст.