Усвоена првата национална платформа за далечинско учење, од утре во употреба

Министерот за образование и наука Арбер Адеми

Одобрена е првата национална платформата за далечинско учење - www.eduino.gov.mk - и веќе се пријавени повеќе од 600 наставници кои ќе ги снимаат методските единици за сите премети. Оваа платформа ќе биде во употреба од утре, изјави денеска министерот за образование Арбер Адеми. Тој додаде дека за изработка на оваа платформа се користеа искуствата од земјите во регионот, особено во Хрватска. Оваа платформа е изработена во соработка со Бирото за развој и УНИЦЕФ.

„Јасно е дека сите образовни установи нема да бидат отворени и во наредниот период нема да продолжат со регуларна настава. Но, ова не значи дека учебната година треба да ја прогласиме за завршена. Затоа Владата и Министересгвото заобразовани и со поддршка на УНИЦЕФ и граѓански организции понудивме мерки за продолжување на наставата со учење од дома. Наставниот кадар ќе реализра настава, вежби тестирања и оценки за објективно оценување“, изјави Адеми на денешната прес конференција.