Украинските сили во ослободениот Изум

Велосипедист гледа над Изум набргу по неговото ослободување на 11 септември. Украинската војска ги истисна руските сили од деловите на територијата на североистокот на земјата.

Изум беше под руска окупација од март.

Како што се повлекуваа московските сили, тие оставија зад себе големи количества муниција и хардвер.

Украински војници стојат на уништен мост над реката Сиверски Донец во Изум на 13 септември. Загубата на Изум се смета за стратешко назадување за Москва бидејќи нејзините трупи го користеа градот како база и за снабдување на нејзините сили.

Украински војник гази руско знаме.

Украински војници ја прегледуваат црквата што руските сили ја користеле како воена болница.

Градоначалникот на Изум рече дека приближно 70 отсто од високите градби во градот се оштетени, а повеќето области се без струја, гас или вода.

Лузните на војната се очигледни одозгора: полето е покриено со артилериски кратери

Украински војник одмара на руски оклопен транспортер во Изум на 13 септември.

Украинското знаме повторно се вее над градското собрание во Изум на 13 септември.

Иако вооружените сили на Украина постигнаа значителен напредок, американскиот претседател Џо Бајден рече дека сè уште им претстои „долг пат“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздравува знамето на неговата земја додека е подигнато пред опожарената зграда на Градското собрание во Изум на 14 септември.