Поради пандемијата која ја предизвика коронавирусот УЕФА го одложи Европското првенство во фудбал за следната година од 11 јуни до 11 јули. УЕФА донесе ваква одлука за да им овозможи на националните Сојузи да ги завршат своите првенства, особено тоа се однесува на петте најсилни првенства во Европа. Кога ќе продолжат националните првенства допрва ќе биде утврдено, а тоа ќе зависи како ќе се одвива кризата со коронавирусот, соопшти УЕФА.
Планот на УЕФА е фудбал да се игра во летниот период, што значи дека отпаѓа варијантата во Лигата на шампионите и Лига Европа да се играат Фајнал-фоур турнири. Планот на УЕФА е финалето во Лигата на шампионите, во Истанбул, да се одигра на 30 јуни.