Турската полиција уапси 410 лица поради „провокативни објави“ на социјалните мрежи за коронавирусот, објави во средата министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
Турскиот министер рече дека скоро на две илјади профили на социјалните мрежи се идентификувани „провокативни натписи“ за пандемијата, а 410 лица се уапсени за „обид да предизвикаат немири“. Министерот не откри детали за идентитетот на приведените.