Трет ден блокади во северно Косово

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Српски демонстранти во северно Косово денеска, трет ден, ги блокираат патиштата кон граничните премини меѓу Косово и Србија. Протестот започна по апсењето поранешниот полициски офицер Дејан Пантиќ, на 10-ти декември. Косовскиот премиер Албин Курти побара од НАТО мисијата на Косово, КФОР, да ја гарантира слободата на движење на северот. Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека добил уверување од КФОР дека нема да примени сила врз демонстрантите. САД повикаа на отстранување на барикадите и на деескалација на ситуацијата. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеф Борел изјави дека Косово и Србија треба да се вратат на дијалогот.