Новиот живот за по Судниот ден се чува на Арктикот

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Трезор изграден за зачувување на семиња од ориз, пченка и други витални семиња содржи милион видови со последната пратка, меѓу која има и семиња од приватната ботаничка градина на британскиот принц Чарлс. Трезорот се наоѓа на Арктикот, точно меѓу Норвешка и Северниот Пол. Изграден е во 2008 година, за да се зачуваат витални семиња од катастрофални ситуации, како нуклеарна војна и епидемии.