Шоле - Треба да се избегнуваат нови кризи на Косово

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ), специјалниот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, изјави дека конечниот договор меѓу Косово и Србија ќе бара „тешки избори“ и „политичка храброст“. Коментирајќи ја последната одлука на косовските власти да не дозволат движење на автомобили со српски нелегални таблички - КМ, туку со обновена регистрација, Шоле рече дека токму тоа е чекорот што не сакале да го видат.