Тешка железничка несреќа во Грција - над 30 загинати

Во директен судир на два воза во Грција загинале најмалку 32 лица, а над 80 се повредени. Неколку вагони се запалиле по несреќата, која се случила на околу 350 километри северно од Атина, јавуваат грчките медиуми.

На снимките можеа да се видат неколку превртени и опожарени вагони со скршени прозорци, од кои излегува густ чад.

Сударот меѓу патнички и товарен воз се случил на железничката траса меѓу Атина и Солун. Спасувачките опреации се во тек.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Железничка несреќа во Грција, најмалку 32 лица настрадале

„Слушнавме голема експлозија, десет страшни секунди“, изјави Стергиос Миненис, 28-годишен патник кој скокна на безбедно од урнатините.

„Се вртевме во вагонот додека не паднавме на страна... потоа настана паника, кабли, пожар, додека се тркалавме горевме, огнот беше десно и лево.

Регионалниот гувернер на Тесалија Константинос Агорастос за ТВ СКАЈ изјави дека првите четири вагони од патничкиот воз излетале од шините во несреќата, додека првите два вагони, кои се запалиле, се „речиси целосно уништени“.

\Железничка несреќа во Грција во близина на Лариса

Локалните медиуми јавија дека во патничкиот воз, кој тргнал од Атина околу 19:30 часот синоќа, патувале околу 350 луѓе. Пожарникарите рекоа дека биле известени за несреќата непосредно пред полноќ во вторник.