Тензии на граничните премини на северот на Косово

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Тензиите на косовско-српската граница поради српските регистарски таблички што почнаа во понеделникот, продолжија и денеска. Косовските власти не отстапуваат од одлуката да не дозволуваат влез на возила кои нема да земат привремени таблички, а сили на косовската полиција втор ден се распоредени на граничните премини Јариње и Брњак. Кај Јариње е потензично, откако косовските полицајци ја поминале ноќта „на готовс“, додека србите го блокираа патот кон преминот во знак на протест за оваа одлука на косовското Собрание.